Инсталација и опрема

foto Инсталација и опрема

1001 останати инсталации и опреми

Во модерниот хортикултурен бизнис се употребуваат многу инсталации и материјали. За овие технички инсталации Вие сте добредојдени во Кеес Грееве Гринхаус Проекти. Како специјалисти за проекти “клуч на рака’’, ние го имаме знаењето за целосен опсег на инсталации. Изборот е Ваш: дали барате иновативен систем со последните технички способности? Или пак барате веќе користена инсталација, со истата сигурност но со помала цена? Вршејќи демонтажа на многу објекти, ние имаме богат асортиман на користени инсталации исто така. Не двоумете се да не прашате за различните можности.

Компјутерски систем

Кеес Грееве Гринхаус Проекти нуди секакви автоматски системи за Вашата оранжерија. Почнувајќи од компјутерите па се до автоматизацијата на работните места, од сите познати брендови како што се Прива и Хоогендоорн.

Уреди за наводнување и системи за наводнување

Ние можеме да обезбедиме комплетен уред за наводнување или систем за наводнување. Ние можеме да Ви обезбедиме експертски совет што се однесува на секој дел од системот. Покрај тоа, Ве уверуваме во перфектната инсталација и пуштањето во употреба.

Резервоари за вода

Дали сакате да ја користите дождовната вода како основа за наводнувањето во Вашата компанија? Кеес Грееве Гринхаус Проекти може исто така да испорача и да инсталира резервоари за вода за Вас. Почнувајќи од најмалите површини, па се до најголемите резервоари, ние Ве уверуваме дека системот ќе работи беспрекорно.

Хортикултурна машинерија

Секоја машина што се користи во една хортикултурна компанија може да биде порачана од Кеес Грееве Гринхаус Проекти. Секоја машина доаѓа со совет од нашите експерти. Згора на тоа имаме добар асортиман на користени машини кои се уште работат успешно.

Машини за сортирање

Ние можеме да обезбедиме експертски совет за секој тип на сортни машини. Секое растение и секоја компанија има свои специфични барања и потреби. Доматот, краставицата, пиперот или розите? Ние ја правиме вистинската понуда за двете: за комплетно нови и за ремонтирани машини.

Електрични хидраулични колички

Ќе користите електрични хидраулични колички за берба и за одржување на вашите растенија? Ние можеме да го обезбедиме вистинскиот систем за Вас. Електрични колички со единечни, двојни и тројни хидраулични ножички, но исто и колички за мануелна берба.

Агрегати

Во случај доколку сакате да го осигурате снабдувањето со електрична енергија, а со тоа и континуитетот на Вашата компанија, агрегатот не е луксуз туку потреба за Вашата компанија. Кеес Грееве Гринхаус Проекти може да испорача агрегати, нови или користени, кои ќе се вклопат во електричниот систем на Вашата компанија.

Системи за раст

За растенијата кои имаат потреба од посебни системи, ќе го најдете она што Ви е потребно во Кеес Грееве Гринхаус Проекти. Висечки системи за растење на зеленчукот или системи за рози и гербер: ние го познаваме пазарот и гарантираме за оптимална интеграција на системот во Вашата оранжерија.

Фотосинтетско осветлување

Многу растенија имаат потреба од осветлување, некои пак прво бараат детално испитување за да се проценат чинењето и бенефициите. Сакате да бидете сигурни дека ќе ја имате вистинската инсталација со доволен поврат? Вклучувајќи ја монтажата и интеграцијата во Вашата оранжерија? Тогаш изберете безбедност избирајќи го Кеес Грееве Гринхаус Проекти.

http://www.twitter.com/.kggreenhouses

Network event in our office https://t.co/MjuM1XLMzl

Tweets »