Проекти “клуч на рака”

foto Проекти “клуч на рака”

Кеес Грееве Гринхаус Проекти се справува со се од А до Ш

Дали размислувате за конструирање на комплетен проект? Дали би сакале да не се грижите за реализацијата на проектот ,од планирање до испорака? Кеес Грееве Гринхаус Проекти  може да биде вашиот “клуч на рака” добавувач. Ние имаме знаење и искуство да реализираме комплетен проект. Ова ни овозможува да го координираме целиот проект од А до Ш. Ние  може да имаме важна улога во виталните делови на проектот: од финансирање до поддршка за одгледување.

квалитетот е секогаш на прво

Кеес Грееве Гринхаус Проекти составува проекти “клуч на рака” насекаде во светот.“ Клуч на рака ” значи  дека Кеес Грееве Гринхаус Проекти води сметка за целиот процес: почнувајќи од подготвување на бизнис план , планирање на финансиите, технички развој на проектот до поддршка за одгледување и пакување на готовиот производ!

Со проект “клуч на рака” вие сте сигурни со перфектен квалитет: секоја компонента поминува низ рогорозни квалитативни инспекции.Ние составуваме најмодерни оранжерии од сите големини. Интеграцијата на оранжеријата и технологијата е наша одговорност.

Кога станува збор за технологијата, вие може да изберете помеѓу нова и веке користена опрема. Редовно демонтираме модерни проекти  и често имаме широка палета на веќе користена опрема  за избор.

Во странство, Кеес Грееве Гринхаус соработува со локални партнери. Предноста е тоа што вие секогаш може да се потпрете  на нашите услуги, без да го изгубите холандкиот квалитет.

http://www.twitter.com/.kggreenhouses

Network event in our office https://t.co/MjuM1XLMzl

Tweets »